За првпат после Втората светска војна, воведен е полициски час во Словенија

од Nikola Popovski

Од денес во Словенија ќе биде воведен полициски час во траење од 21 до 6 часот наутро. Локалните медиуми велат дека ова е првпат во Словенија да се воведува полициски час од италијанската окупација во Втората светска војна.

Забраната за собирање повеќе од шест лица, наместо претходните десет, стапува на сила, пренесуваат словенечките медиуми.

Забраната за движење меѓу регионите сè уште важи, со одредени исклучоци.

Во Словенија, во понеделникот беше објавено дека во претходните 24 часа биле потврдени  794 нови случаи на коронавирус, што е 20,4 проценти од испитаните, па затоа владата одлучи за нови мерки.

Словенечките здравствени власти проценуваат дека 1% од населението е заразен со коронавирусот.

Слични содржини