Министерството за здравство информира дека за првпат во државата извршена е интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.
Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот.
Оваа интервенција е изведена на Клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.
-Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и ртг техничарот Тони Цветковски, соопштија од МЗ.