Полека се заокружува туристичката 2025 година во која за македонскиот туристички сектор поминува вообичаено, засенет од постигнувањата на регионалните земји, со ограничен број на пазари, висока и кратка сезоналност и без видна негова улога во развојот на домашната економија. Ова можеме да го заклучиме веднаш доколку ја погледнеме објавената статистика од страна на Државниот завод за првите осум месеци од 2025 година и споредиме со последната референтна година пред пандемијата 2019 и останатите години до 2025 со истите осумесечни периоди. Раст на туристите од 5-7% и ноќевањата од 1-2% на вкупната статистика или анализирајки ги посебно растот на странските туристи од 11-12% и остварени ноќевања 8-9% и континуиран пад кај домашните туристи од 3-5% и намалување на остварени ноќевања 4-6% што убедливо не рангира многу ниско на скалата по успех во туристичката индустрија. На сите веќе ни е јасно дека највените 4 милини ноќевања за оваа година нема да се остварат или би се задоволиле со 3,5 милиони ноќевања и било каков раст во туристичкиот промет. Сепак нема да се фокусираме каде се грешките за оваа состојба во македонскиот туристички сектор, бидејќи веќе многупати сме ги анализирале односно што е потребно на среден рок туризмот преку својот холистичи, мултипликативен пристап може да помогне на македонската економија.
Европа е длабоко во економска криза која е предизвикана од војната во Украина и Блискиот исток со котинуиран притисок кој започна со пандемијата во 2020 година прелевајки се во енергетска и продолжи со притисокот од конфликтот во 2022 година до денес. Оваа состојба ја намалува можноста на македонските компании создавајки дополнителен притисок за губење на стратешките партнери од европскиот континент изрзено во традиционалните економски гранки на кои се базира растот на бруто домашниот прозвод. Оваа состојба се повеќе ќе создава проблем во изнаоѓање решенија на среден рок за стабилен раст на БДП доколку сакаме да го намалуваме јазот помеѓу македонската и економиите на земјите од Европската унија. Стапката на невработеност во нашата земјата изнесува 11,5 % што се приближува кон европската и претставува мала кумулација за креирање на работни места кои се под притисок на изразената миграција на работоспособното наеление кон европските земји. Очигледно растот на БДП се повеќе треба да се бара со развој на економски гранки од нашата економија кои досега не беа во фокус или беа занемарени. Една од нив е туризмот кој според одредени мои истражувања партиципира со 4% во македонскиот БДП додека на светско ниво според статистиката на Светската туристичка организација во светската економија неговото партиципирање изнесува скоро 11% што создава голема можност и потребен силен фокус за негов дополнителен развој во Македонија.
Како тогаш да го развиваме македонскиот туристички сектор кој треба во следните пет години да забележи раст од 100% во неговото учество во македонското БДП задржувајки и креирајки нови работни места, намалувајќи го притисокот на миграцијата, отворање на микро и мали услужни бизниси во руралните делови, локален економски развој…?
Колку и да изгледа сложена формулата за резултатите кои се очекуваат за слените пет години и очекувањата – клучот се домашните туристи. Оваа теза можеме да ја поткрепиме со голем број на показатели отпочнувајки со општата статистика која земена само за последните три години кристално јасно покажува дека 40-45% од вкупнот број на туристи се домашни кои генерираат помеѓу 70-75% од вкупниот број на остварени ноќевања. Следна е просечниот престој на домашните туристи кој е поголем од три ноќевања во дестинацијата без истакната сезоналност што овозможува одржливост на дестинацијата, зголемена рентабилност и пополнетост на хотелите и сместувачките објекти и задржување на работните места и надвор од сезоната. Доколку ги наброиме дел од позитивните ефекти кои го создаваат домашните туристи тоа би изгледало:
- Намалување на сезоналноста;
- Реинвестирање на сретства во домашната економија;
- Задржување на работните места и креирање на нови;
- Потикнување на нови микро и семејни услужни бизниси;
- Отворање на нови сместувачки капацитети пред се во руралните делови;
- Зголемување на пополнетота на хотелите и сместувачките капацитети;
- Зголемување на произвоството на домашни производи во земјоделието;
- Зголемена побарувачка на локалните спацијалитети и традиционалните производи;
- Потикнување на зелената транзиција во туристичката индустрија;
- Зголемен мултипликативен ефект во локалната економија;
- Намалување на притисокот кој го создава миграцијата на младите;
- Развој на меѓугратскиот автобуски сообраќај.
И голем број на други кои влијаат во повеќе од дваесетина економски гранки во македонската економија. Анализите во туристичката индустрија покажуваат дека клучни за долгорочниот развој на секоја дестинација во туристичката индустрија преставуваат домашните туристи кои остваруваат приближно 75-80% од вкупниот број на ноќевана во дестинациите кои немаат море. Сепак нивниот развој не претставува природен процес и потребата од долгорочно планирање на развојот и раст на домашните туристи.
Од статистичките показатели веднаш се забележува континуиран пад на домашните туристи и остварените ноќевања во последните две години што јасно укажува на недоволна конкурентност за домашните туристи со регионот. Оваа состојба создава дополнителна доза на несугурност кај туристичките работници и потребата од долгорочно развивање на овој значаен дел од туристичката индустрија. За да се надмине оваа состојба потребна е државна интервенција на повеќе полиња односно ист третман на грижа и за домашните туристи како туристите кои не посетуваат од другите дестинации.
- Модел на субвенционирање на домашните туристички агенции кои наменски ќе создадат кокурентни аранжмани за домашните туристи во нашите туристички места;
- Инвестиции во развојот на новите форми на туристичка понуда како бањскиот туризам, конгреснот туризам со сет поволности при организирање на конгреси, семинари, едукации во домашните сместувачки капацитети;
- Насочување на државната администрација со поволности за посета на домашните дестинации надвор од сезона;
- Поволни кредитни линии за развој на руралните сместувачки капацитети и подобрување на инфраструктурата на локално ниво;
- Силна промоција за домашнот туризам и едукативни сесии со коморите кои ќе овозможат зголемување и подобрување на услугата во хотелско-ресторанскиот сектор на Македонија.
Со поставување и имплементирање на развој на среднорочна стратегија за домашните туристи може да се генерираат дополнително 500 илјади ноќевања кои дирекно ќе впумпаат финансиски сретства во локалниот економски развој кој е исклучително значаен за македонската економија. Во комбинација со долорочниот развој на македонскиот туристички сектор и пристап базиран на светските практики за одржливи дестинации, туризмот во Македонија во следната декада во БДП да учествува 8-10%, повеќе од 5 милиони ноќевања и туристички промет кој би надминал 1,5 милијарди долари. Доволно моќна економска гранка која не треба да се потценува и занемарува.
Туризмот не е спринт на сто метри, туку маратон за кој е потребна голема професиноалност и стратегиски пристап на државата.
Проф. Др. Љупчо Јаневски, универзитетски професор и поранешен директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.