Руското Министерство за одбрана во најскоро време ќе нарача осум атомски ескадрилни разурнувачи тип “Лидер”, соопшти ТАСС со упатување на надлежен извор во одбранбено-индустриски комплекс.Според агенцијата, изградбата на првиот брод се планира за почетокот на 2018 година и ќе заврши на крајот на 2022 година, односно ќе продолжи речиси 5 години.

Изворот на ТАСС навел дека првично се планирало да се изградат за ВМФ серија од 12 ескадрони разурнувачи, потоа нивниот број е намален до 8 – по 4 во Северната и во Пацифичата флота. Засега не се предвидува организациска-листа на активности за присуство на “Лидер” во Балтичкото и во Црното Море.