Сите поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него, но за тоа задоволство ќе мораат да издвојат четврт милион долари.
Организацијата што собира пари за неговата кандидатура, „Ајде да ја направиме Америка повторно голема повторно, повторно!“, испрати покани до сите потенцијално заинтересирани, пишува Индепендент.
Акцијата за собирање средства наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“ е закажана за 23 февруари во имотот на Трамп „Маралаго“ во Палм Бич, Флорида.
Иако на настанот ќе присуствуваат кандидатите за Конгресот, собраните пари нема да одат кај нив, туку во организацијата на Трамп.
За 250.000 долари (125.000 по човек), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да престојуваат во „Маралага“ две ноќи. За 100.000 долари по двојка, се добива фотографирање со Трамп и вечера со кандидатите за Конгресот, но не и со поранешниот претседател.
Најевтиниот „аранжман“ чини 5.000 долари и со него се добива вечера со кандидатите и „коментари“ од Трамп.