Мендух Тачи, лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), денеска во рамки на вториот ден од неговата работна посета на Брисел, оствари средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, како и со известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на средбата со Дол, кој е прв човек на најголемата политичка сила во Европа и најбројна партија во Европарламентот, Тачи побара прием на ДПА во ова друштво, со оглед на тоа што се работи за десна опција на политичкиот спектар во Македонија, а и поради тоа што македонскиот блок во ЕПП веќе го претставува ВМРО-ДПМНЕ.
– Првата средба беше повеќе куртоазна, бидејќи на состанокот со Жозеф Дол ја искажав нашата голема желба и ДПА да се зачлени во Европската народна партија (ЕПП). На ова добив позитивен одговор и со тоа започнуваме процедура за членство на ДПА во ЕПП, потенцира Тачи во изјава за МИА.
На втората средба во ЕП со словенечкиот европратеник Вајгл, лидерот на ДПА побара известувачот за Македонија во законодавниот дом на Европската унија да влијае колку што може за да не дојде до одложување на парламентарните избори во нашата држава, закажни за 24 април 2016 година. За ова, Тачи добил уверување од Вајл, бидејќи и Словенецот ја застапува идејата да неа помрднување од датумот за организирање на предвремените парламентарни избори во Македонија, што е договорено и со политичкиот договор од 2 јуни/15 јули.
– Втората средба условно кажано беше полесна, бидејќи Вајгл поттекнува од екс-Југославија, ни го познава менталитетот и повеќе ги разбира политичките и другите етнички проблеми што се во Макееонија. Од наша страна беше речено дека нашата ориентација е да имаме фер и демократски избори и да не пролонгираме со датуми на изборите, бидејќи од тоа би можеле да произлезат и други проблеми, пренесува Мендух Тачи.
Од целата доосегашна полтичка “папазјанија” не изненадува идеолошката блискост помеѓу Тачи и Груевски. Да постетиме дека ДПА беше во власта најпрво со Георгиевски, а потоа и две години во владата на Груевски. Тачи и во моментов дава подршка на ВМРО-ДПМНЕ иако е опозициска партија, а во владата на Груевски седи кадар на ДУИ. Од политичката реторика се издвојува тоа што Тачи и неговите луѓе континуирано тврдат дека владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ работи на штета на Албанците, а Тачи континуирано има дава ex-oficio поддршка. Поддршката можеше да констатира и од објавените разговори на СДСМ во 8-та бомба , каде можеше од разговор меѓу Тачи и директорот на УБК-Мијалков да се чуе подршката од страна на ДПА на избори. Ви пренесуваме дел од стенограмите:
Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков
СМ: Мендух, што правиш?
МТ: Еј, здарво.
СМ: Добар си ми?
МТ: Не те барав бе за ништо, не се плаши.
СМ: Нееее, ти можеш да ме бараш за што сакаш мене.
МТ: Само да ти кажам тука сум, ако треба нешто, кажи.
СМ: А?
МТ: Тука сум, ако треба нешто, кажи, за сé, до смрт.
СМ: Добро бе, важи.
Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков
СМ: Мендух…
MТ:Кажи
СМ:Шо праиш?
МТ: Еве тука седам со луѓе
СМ:Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да
СМ: Може ли да гласате за нас сега за Струмица? Да не…
МТ: У Комисија?
СМ: Да у ДИК.
МТ: Да може еве да се јавам одма
СМ: Ама треба тоа сега одма да се почне сеа за 5 минути ние одложуваме малце…
МТ:Одма одма…Одма, одма се јавувам за минута и ти кажувам.
СМ: Ајде ајде.
