Случаите „опрема од Израел“, „земјиште на Водно“ и „незаконско прислушување“ се предмети кои биле формирани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а за кои статистиките сега се предадени во специјалното обвинителство. Кај Јанева на маса ќе завршат и предметите за рушењето на „Космос“, апсењето на Љубе Бошкоски како и предмети за изборни манипулации-пишува Призма.
Точно пред истекот на рокот, кој завршуваше денеска, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ги достави податоците што од него ги бараше специјалната обвинителка Катица Јанева – статистичките податоци за бројот на оформени предмети во јавните обвинителства кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, како и сето она што досега го презеле институциите.
Селмани: Доколку новинарските здруженија не бидат вклучени во разговорите новинарите ќе протестираат пред Клубот на пратеници
Во рацете на Јанева, сега се три предмети кои биле формирани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од содржината на неовластеното следење на комуникациите.
Повеќе ТУКА
