Министерството за труд и социјална политика информира дека семејството од Хиподром од кое мајка изутрина го фрлила шестгодишниот син од четвртит кат на зградата во која живеат, а потоа и таа скокнала, не било предмет на стручните социјални служби.

4F1DD219F1461B4E928A7855D816E012

– Во врска со немилиот настан кој што се случи денеска во населбата Хиподром и којшто ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика по спроведената активност за проверка ја информира јавноста дека семејството не било предмет на стручните служби на Центарот за социјална работа-Скопје и подрачните единици на Центарот, се вели во соопштението од МТСП.

По настанот детето и мајката во животна опасност се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.

Слични содржини