Израелските сили фрлиле околу 6.000 бомби врз Газа во периодот од 7 до 12 октомври, се вели во вчерашното соопштение на израелските воздухопловни сили (ИАФ). Тоа е еквивалентно на вкупниот број воздушни напади врз Газа за време на целиот конфликт Газа-Израел во 2014 година, кој траеше од 7 јули до 26 август истата година, според податоците на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Според Си-Ен-Ен, 2014 година била најсмртоносната година во израелско-палестинскиот конфликт, со најмалку 2.251 Палестинец убиен во Газа за време на 50-дневната војна, според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
До вчера, шестиот ден од овој конфликт, во Газа се убиени најмалку 1.537 лица, соопшти палестинското министерство за здравство.
„Стотици терористи беа убиени во воздушните напади и над 3.600 цели беа нападнати“, се вели во соопштението на ИАФ, наведувајќи цели како командни и контролни цели, стратешка воена инфраструктура, локации за производство на оружје, разузнавачки средства, поморски цели и ракетни системи.
Населбите Газа, Беит Ханун, Шеџаија, Римал, Ел-Фуркан и Туфах претрпеа „голема и тешка штета“, се додава.