За специјално судско одделение не преговараат партиите, туку власта и меѓународната заедница

од Vladimir Zorba
83 прегледи

На средбите на работните групи во Пржино воопшто не се разговарало за формирање на Специјално судско одделение или специјално одделение во МВР кои би работеле на случаите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Такви преговори со власта директно водат претставници на меѓународната заедница и тие не се предмет на преговори на партиските претставници, пишува Дојче веле.

Gruevski-Nuland-640x4271

Блокадата на работата на СЈО како клучен проблем го наведе и помошничката американска државна секретарка Викторија Нуланд при посетата на Скопје.

Проценките на опозицијата се дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го блокира или одолговлечи целиот пакет за преодна влада и за промени во МВР со цел да ја блокира работата на СЈО.

Неизвесно е кога преговорите ќе продолжат . Амбасадорот Орав во изјавата потенцираше дека се надева оти тие „ќе продолжат што е можно побргу“. Учесници на преговорите се претставници на четирите политичките партии потписнички на договорот од Пржино, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

Слични содржини