За среќа заборавиле да ги сменат сообраќајните дозволи, исто како и личните карти, рече Тошковски

од Nikola Popovski
6,3K прегледи

Ова не е научна фантастика, вели техничкиот министер Панче Тошковски за предлозите за изменување и дополнување на Законот за патните исправи и законот За безбедност во сообраќајот, со кои возачките дозволи, сообраќајните книшки и осигурителни полиси би имале важност за домашна употреба, до истекувањето на нивниот рок.

Тој побарал од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поднесат измените по итна постапка, нагласувајќи дека е последен ден.

Според него, се работи за пермутација на четири бројки, со кои ќе се реши проблемот, нарекувајќи го „срамен“.

-Македонските граѓани се лажени од сите. Само матична држава која издала документ, може да го поништи. Со овие измени на законите, не кршиме принцип, рече Тошковски во изјава за медиумите пред Собранието.

-Среќа заборавиле и тие да ги сменат. Исто како и личните карти. Фала му на Господ, додаде министерот за внатрешни работи за сообраќајните дозволи.

Слични содржини