За такво новинарство и медиуми? Не благодарам!

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Двајца уредници на еден дневник , еден на „вашите“ и еден на „нашите“ е брутален напад врз професијата, како и најголем доказ како политичарите ја поимаат новинарската професија и која е улогата на медиумите. Пропаганда, аргументирање кој повеќе се дере, напаѓа, плука и девалвира, а вистина да биде само таа која се соопштува преку медиумите, таа што се гледа и се слуша- така сакаат и за тоа преговараат.
драган антоновскиМоже и така ама тоа не е професионално и базично новинарство, не е медиум и не е демократија!
Можете сè да се договорите како партии да си изгласате како пратеници, и да им дадете на тие уредници по еден стап и да си аргументираат, нели, по главите.

Можете потоа секој ден да кажувате дека во Македонија сè е мед и млеко ама веќе не само младите, сега и старите си одат.

Да, вие ќе владеете со вашиот народ, а еден друг народ чека на влез, еден трет чека на излез и сè тоа убавко ке се пакува откако едниот уредник ќе го лупне со стапот другиот уредник, а замелушената јавност ќе чека да чуе кој бил појак и кој го јадел.
Не благодарам !

Фејсбук статус  Драган Антоновски