За три дена отпуштени 23.000 работници во Австрија

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Од спроведувањето на ограничувањата за слобода на движење од 16 март, бројот на невработени во Австрија се зголеми за 138.000.

Директорот на Службата за вработување, Јоханес Копф, во понеделникот рече дека биле отпуштени 115.600 лица, а сега тој број пораснал за уште 23.000.

Најголем број се во гастрономијата, повеќе од 47.000, по што следи градежништвото со 17.000, бидејќи работата на поголемиот дел од градилиштата е стопирана.

Австриската влада ги повика претприемачите да не ги отпуштаат своите вработени, туку да го искористат скратеното работно време, воведено со нови закони, кои треба да ги обезбедат работните места, со што е можно помал товар на работодавачот.