39-годишен скопјанец се обесил на греда во парк во скопската населба Гази Баба. Додека трчал, телото го приметил сограѓанин кој го пријавил во полиција. Три смртни случаи за само три дена, сите посегнале по своите животи, информира ТВ24.

2018-та стартуваше со поразителни бројки кои ја зголемија црната статистика, за неполн месец десетина самоубиства. Јануари -месец на празниците и семејствата, но и на големите трошоци, а нивно неостварување може да доведе до големи разочарувања, вели ппсихотерапевтот Мирјана Јовановска-Стојановска.
„Во овој период може да посочиме постоењето на стереотипи. Луѓето кои не можат да ги остварат тие стереитипи се чувствуваат осамени.“ – изјави Мирјана Јовановска -психотерапевт.
Ланските статистики покажуваат најнизок број на самоубиства во последните дваесетина години. 103-та си го одземале животот. Според податоците од МВР, повеќе самоубиства извршиле мажите.
„Во теот на 2017 регистрирани се 103 самоубиства од кои 73 мажи и 30 на жени. Тоа се луѓе од возраст над 35 години, за 97 самоубиства, 5 се на возраст од 18- до 35 години и едно на лице под 18 години.“ – изјави Тони Ангеловски-портпарол на МВР.
Статистиките велат дека градските средини биле подепресивни од селските и таму имало 64 самоубиства, наспроти 39 во селата. Бројките покажуваат дека најголем број од самоубиства биле извршени поради нервни растројства- 32ца, 25мина си го одземале животот поради болест, а непознато е која е причината кај 64 самоубиства минатата година. На овие бројки треба да им се пристапи системски.
„Грижата за менталното здравје да биде подостапна. Би вило добро тоа да го има во примарната здравствена заштита односно амбулатни каде матичниот ќе утврди дека тегобите што ги чувствува пациентот, не постои органско заболување, а сепак не му е добро, и да го прати кај психолог.“ – вели Мирјана Јовановска-Стојановска.
Податоците на државниот завод за статистика од 1994-та година покажуваат дека најголем број на самоубиства или 179 биле извршени во 2004-та година, а најмалку или 103 минатата година.