За три дена почнува училишната година, се делат свидетелства и лозинки за далечинско учење

од Берта Китинска
367 прегледи

Учебници, свидетелства и како и новите лозинки и адреси им се делат на учениците кои на 1 октомври ќе ја започнат онлајн наставата. Голем дел од наставниците одржуваат и онлајн родителски  средби за да ги запознаа родителите со новините кои ќе почнат да се користат  од четврток.

Училишниот час ќе трае помалку од 40 минути, додека учебната година може да заврши и порано од предвиденото, и наместо 6 месеци да трае 3 месеци.

Дел од основните училиште направија и симулација на час за првачињата.

-На креативен начин, тимот од училиштето симулираа наставен час на отворено за првачињата и преку музичко-сценски настап од страна на учениците, ги презентираа насоките и мерките кој секој ученик треба да ги почитува за безбедна реализација на наставата.Како локална самоуправа, свечениот прием на ученици го спроведовме во сите основни општински училишта, согласно безбедносните протоколи и новите адаптирани услови за настава, велат од  Општина Центар каде за првпат првачињата седнаа во училишните клупи.

Министерството за образование и наука го поздрави донесувањето на измените на законите за основно и за средно образование со кои Владата ќе може да носи одлуки за начинот на одвивање на воспитно образовниот процес во вонредни услови, на дел, или на целата територија на земјата.

„Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите, организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако  се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта.“ – велат од Министерството за образование и наука.

Министерката Царовска, посочи дека за првпат се воведува правото на настава од далечина кое досега не било регулирано и посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, таа смета дека  со осовременување на образовниот систем, овој тип на платформа може да биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.

Националната платформа за далечинско учење е достапна на адресата www.schools.mk каде може да се видат упатствата и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат сите корисници низ платформата.

– Платформата функционира на следните ИТ уреди: десктоп компјутер, лаптоп компјутер, таблет и мобилен смарт телефон;
– Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер.

Слични содржини