За тројца од притворените за пожарот во Кочани, Обвинителството предлага да се префрлат во куќен притвор

од Milan1
85 прегледи

Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.

Само за тројца од осомничените, поради фазата на прибирање докази и исполнетост на законските услови, се предлага замена на мерката притвор со куќен притвор. Станува збор за двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.

Истовремено, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел утврдување на евентуална одговорност. Од Обвинителството информираат дека јавноста ќе биде навремено известена по донесување на соодветна јавнообвинителска одлука.

Слични содржини