ЗА успешен референдум одлучуваат и се бројат само тие што гласаат!

од desk4

 ЗАев се изјасни а Мицковски уште се мисли. Дилеми нема тие што нема да гласаат не се ни бројат а успешноста се решава само од тие кои гласале дали има повеќе.Заев уште еднаш пред да започне референдумот ја расчисити дилемата и на тој начин ги покани сите да се изјаснат.

За успешноста на референдумот одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, изјави премиерот Зоран Заев.

– За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и Парламентот сите го поништуваме договорот. Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите без разлика дали се власт или опозиција треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните, рече Заев вчера на прес-конференција во Владата на прашањето дали неуспешниот референдум би значел и предвремени парламентарни избори.

Според него, гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии, политичарите само треба да го следат тој патоказ.

И министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера од граѓанската трибина „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Срумица порача дека само тие што ќе излезат да гласаат учествуваат во одлуката за иднината на земјата.

– Народот зборува кога гласа. Демократијата значи гласање. И ако од 2005 година наваму велиме или велат референдум, референдум, референдум, еве го за неколку дена на 30 септември. Само тие што ќе кажат за или против ќе учествуваат во одлуката за иднината на Македонија, рече Димитров.

Во своето обраќање пред присутните граѓани тој ја образложи генезата на спорот за името со Грција и при тоа истакна дека Договорот со нашиот јужен сосед е неминовен, бидејќи, вели, нема начин да ја натерате Грција да ве сака и да потпише договор без кој таа може.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, повтори дека доколку не биде постигнат цензус на референдумот, одлучувањето го презема Собранието.

– Доколку нема цензус, не е крајот на светот за државните институции. Државните институции функционираат врз основа на избори и тие се менуваат преку избори. Значи, Собранието е носител на тој процес, изјави Џафери.

Претседателот на Државниот Збор на Словенија Дејан Жидан, кој се наоѓа во посета на Македонија, по средбата со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери вчера порача дека Македонија во секоја смисла припаѓа на семејството на европските народи и затоа се надева дека граѓаните ќе ја искористат историската можност и ќе одлучат зрело, храбро и одговорно за својата и иднината на следните генерации.

– Македонија историски културно, политички и географски припаѓа на семејството на европските народи, ЕУ и НАТО кои се основни гаранти на безбедноста и стабилноста, како и почитувањето на заедничките вредности на народите. Членството во нив овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството, и подобри животни услови и развој во секоја област во земјата, истакна Жидан.

Тој смета дека решението што го нуди Преспанскиот договор ги отвара вратите на НАТО и овозможува почеток на преговори за ЕУ, а истовремено го сочувува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

– Компромисот е тежок, но е нужен и верувам дека е добар. Секој компромис бара отстапки, но, доколку ни го носи она што е најважно тоа е од исклучителна важност за сите, па и за македонските државјани, рече претседателот на словенечкиот Збор.

Штефан Петер, како странски инвеститор и претседател на Советот за странски инвеститори на вчерашната прес-конференција изјави дека сака да ја види Македонија интегрирана во ЕУ, бидејќи со тоа ќе има подобри деловни услови и за бизнисмените и за вработените. Укажа на некои од последиците со кои може да се соочи земјата доколку не влезе во ЕУ, како и на фактот дека граѓаните треба активно да учествуваат во демократијата, оти оној кој не гласал, го губи правото да се жали.

– Секој може да донесе одлука во недела, но не е важно само како ќе гласате. Прво, важно е да излезете на гласање и активно да учествувате во демократијата. Потоа немојте да бидете себични и да разлислувате само за себе, туку размислете и за последиците од вашиот глас за иднината. За да функционира демократијата, мора да бидеме нација која учествува, а  не само да набљудуваме. Оној кој не гласал, го губи правото да се жали, порача Петер.

Слични содржини