За утре најавени можни отстапувања од возниот ред на ЈСП

Станува збор за проблеми со дотурот на гас

од Nikola Popovski
31 прегледи Фотографија: Фејсбук-страница на ЈСП

За утре е предвидено можно отстапување од возниот ред на ЈСП Скопје, информираа утрово од градското претпријатие. Станува збор за проблеми со дотурот на гас.

-Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени, стои во соопштението на ЈСП.

Во изминатите две-три години постојано се појавуваат проблеми со јавниот градски превоз. Граѓаните со денови живееја во неизвесност дали автобусите ќе излезат на своите линии.

Неодамна, и покрај долговите, компанијата „Пуцко петрол“ најави ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта за автобусите. Од Град Скопје претходно реагираа дека „Пуцко петрол“ и неговиот сопственик го прекинале снабдувањето со нафта, и тоа под „силен политички притисок“, со цел да се создаде хаос во главниот град.