Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска најави дека за утре е планиран штрајк во ЈСП Скопје.
-Да престане политиката. Само што добив информација дека повторно е најавен протест на ЈСП. Оваа агонија мора да престане и повторно градоначалниците да не бидат виновни за тоа. И за лошите временски услови ние сме ли виновни? Сите стоиме обединети, ова не е политика, рече Муцунски денеска после седницата на скопскиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од скоро сите скопски општини, но без присуство на градоначалничкта Данела Арсовска.
За утре има најави дека дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда. Барањето е да има усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.
Колку за потсетување, во октомври минатата година, вработените во јавното претпријатие исто така не излегоа да возат, бидејќи ЈСП им доцнеше со исплатата на плати во законскиот рок. Сепак состојбата се реши, а автобусите продолжија да сообраќаат по скопските улици.