За влез преку „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути

од Nikola Popovski
157 прегледи

На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин Богородица околу 20 до 30 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од Авто мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини