За влез во земјава се чека до еден час, за излез 30 минути

од Nikola Popovski
231 прегледи

АМСМ соопшти дека на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, попладнево сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

Слични содржини