За ВМРО-ДПМНЕ е „несериозно продолжувањето со лицитации“ откако Мицкоски добил понуда да стане премиер

од Nikola Popovski
318 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување, соопштија од најголемата опозициска партија после денешната понуда за премиерско место во техничката Влада за Христијан Мицкоски.

Порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување.

-Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој која дава или зема, тоа го прави само народот на избори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Владини извори денеска брифираа дека премиерот Димитар Ковачевски му нуди на Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада. Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграции, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, кој потоа би го спровел процесот докрај, велат владините извори.

За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија. За премеирот се што е надвор од Преговарачката рамка не може да се одлучува на лидерска средба, туку за тоа одлука носат сите 27 земји-членки на Унијата со консензус.