За ВМРО-ДПМНЕ нема реален напредок на економијата, за СДСМ растот на БДП е доказ за успешност

од desk2
107 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на мислење дека економијата повеќе од 15 месеци тоне, дека нема реален напредок, а граѓаните се се посиромашни, а од друга страна власта смета дека растот на БДП од 3,1 отсто покажува успешност на нанивните економски политики.

„Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број на работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Странските инвестиции се моторот на економијата и фактор кој продуцира додадена вредност. Сите други сектори тонат поради неодговорните политики на власта“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека вВласта го гуши реланиот сектор, наместо поддршка за домашните компании кои произведуваат и се извозно ориентирани гледаме како владата преку Фондот за иновации дели грантови на партиски функционери, дели милионски тендери на ново формирани фирми и дава лиценци за спроведување возачки испити на фирми без ден работни искуство во областа.

„Растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал ја потврдува успешноста на владините економски политики и позитивното влијание на интеграциите во ЕУ и НАТО, посочуваат во своето соопштение од владејачката СДСМ“, одговараат од СДСМ.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ во второто тримесечје од 2018 година бележи раст од 3,1 отсто. Имајќи предвид дека во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 економијата бележеше пад од – 1,3 отсто, за нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ со успешните економски политики успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец“, стои во соопштението на СДСМ.

Сметаат дека со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, македонската економија станува поконкурентна, се отвораат можности за повеќе инвестиции, нови работни места и засилен економски раст, наведуваат од СДСМ во нивното соопштение.