За време на настапот имал срцев удар: Почина популарен кантри пејач

од Elena Daskalova
370 прегледи

Американскиот кантри пејач Дејвид Олни починал на сцена, за време на настап на фестивал во Флорида.

Тој само ѝ се извинил на публиката, по што по неколку секунди починал, сведочеле музичарите кои биле со него на сцената.

„Беше мирен, седеше со гитарата, носеше добар шешир“, изјавила Ејми Ригби, еден од неговите пратечки вокали.

Еден од придружниците се обидел да му даде прва помош, но сето тоа било залудно. Итната помош можела само да констатира смрт.

Слични содржини