За време на полициски час: Приведени девет лица затекнати во угостителски објект на Бит Пазар

од Берта Китинска
367 прегледи

На 02.05.2021 во 22.20 часот во угостителски објект на ул.„Отокар Кершовани“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати 9 лица, информираат од МВР.

Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот е затворен и пломбиран од страна на Државен пазарен инспекторат.

Слични содржини