Шест лица беа повредени за време на последнaта трка на бикови на Денот на Свети Фирмино во Памплона, северна Шпанија, со што вкупниот број на повреди се искачи на 35 на годинешниот фестивал кој привлекува туристи од целиот свет.
Последната трка, која траеше нешто повеќе од две минути, заврши со пет лица хоспитализирани, но ниту една од повредите не е резултат на удар од рогови, изјави портпаролката на Универзитетската болница во Навара.
Меѓу хоспитализираните, две лица се тешко повредени, додаде таа, едното се здобило со „модринка на градниот кош“, а другото со „повреда на главата“, додаде Марта Мартин.
Црвениот крст соопшти дека шестиот тркач добил медицинска помош во амбулантата во арената во Памплона.
Оваа година беа повредени вкупно 35 лица, но ниту еден не е критичен. Најнеобична е секако повредата на 58-годишен Холанѓанец кој добил мала расекотина на тестисите од удар со рог.