За Yugo GVL од 1988 година бара 8000 долари

од Vladimir Zorba

Возилото со кое речиси сите се шегуваа сега доживува втора младост, односно се чини дека се зголемуваат цените на олдтајмерите.

Според огласот, овој преживеан Yugo GVL од 1988 година го поминал речиси целиот свој работен век во Калифорнија и е во одлична состојба. Има и стандарден 1,1-литарски мотор со четири цилиндри, со 55 КС и 77 Nm вртежен момент.

Менувачот е мануелен со 4 брзини, а автомобилот поминал 69.000 км. Внатрешноста исто така се чини дека е сосема пристојна, а има само неколку оштетувања на надворешноста на каросеријата, велат од „Revija HAK“.

Продавачот на ова Yugo бара 8.000 долари за автомобилот, што изгледа е знак дека овие автомобили полека добиваат на вредност. Дали ќе добие толку? Засега никој не знае, но цената може да биде показател дека Yugo доживува втора американска младост…

Слични содржини