Граѓански инифијатива За заедничка Македонија поднесе иницијатива до Уставниот за преиспитување на уставноста на изборот на собранискиот спикер Талат Џафери. Од денеска правната битка ќе биде нашето клучно оружје, рече Богдан Илиески. 
Илиески најави дека маршевите ќе ги редуцираат бидејќи, како што речеенергијата ќе ја канализираат во правната битка.
– Досега беше само улицата, од утре и официјално и Судот. Тоа значи дека стратешки ќе фокусираме енергија на улица во првиот момент кога ќе е потребно и секогаш потоа со генерална идеја ден-два неделно во Скопје и Македонија да го освежуваме асфалтот, рече Илиески