Еден од најголемите адути на жените е здравата и негувана коса. Неодамна, се појави нов тренд за нега на коса.
Имено, можете да користите брашно и за миење на косата, и на тој начин ќе ја „нахраните“ косата со многу витамини.
Брашното е добро бидејќи содржи скроб, кој ги топи маснотиите од косата и скалпот. Витамини, цинк, железо и други хранливи материи ќе ја зајакнат, и ќе стане помека.
Добро би било да избегнувате пченично брашно, кое поради поголемо присуство на глутен може да ја залепи вашата коса, и да се свртите кон ‘ржано или од наут.
Како да ја измиете косата со брашно?
Измешајте чаша вода и 4 лажици брашно. Мешајте додека не се формира кремаста паста. Ако сакате, можете да додадете неколку капки есенцијално масло.
Нанесете ја смесата на косата и оставете максимум 10 минути.
На крајот, добро исплакнете ја косата и измијте со обичен шампон.