За злосторствата во Јемен ќе одговараат и САД, Британија и Франција

од desk2
125 прегледи

САД, Британија и Франција се на пописот на Обединетите нации како земји кои можеби се одговорни за воени злосторства во Јемен.

Според ООН , овие три земји се сметаат за соучесници во воените злосторства поради вооружување, логистичка и разузнувачка поддршка на сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија , која ги изгладнувала цивилите како дел од својата тактика.

Истражителите на ООН составиле таен список со можни осомничени за воени злосторства, врз основа на нивниот последен извештај за кршење на човековите права во тој четиригодишен конфликт меѓу коалицијата на арапските држави и бунтовниците Хути кои го контролираат главниот град Сана.

Истражителите ги идентификуваа можните воени злосторства од обете страни, посочувајќи ја улогата на западните земји како клучни сојузници на арапските држави, како и Иран кои ги поддржуваат Хутите.

Во извештајот се обвинува коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за убиство на цивили во воздушните напади и намерно изгладнување . Хаутите се обвинети за гранатирање градови, експлоатација деца како војници и користење тактики на воената опсада.