Забава од 50.000 долари: Харден вели дека не бил во стриптиз-клуб

од Nikola Popovski
398 прегледи

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден е казнет со 50.000 долари поради посета на стриптиз клуб, со што го прекрши протоколот на НБА лигата и борбата против коронавирусот.

Харден е психички целосно надвор од тимот пред новата сезона, и веќе направи неколку ексцеси досега, најпрво избегнувајќи прашања од новинарите за тимот, но и на тренинзите.

Неговата склоност кон стриптизот не е нова, а на социјалните мрежи се појави видео за кое најпрво се утврди дали е неодамна и за кое медиумите објавија дека е од стриптиз-клуб.

Кога беше утврдено дека снимката е нова, Харден остана недостапен за Хјустон поради кршење на здравствените и безбедносните протоколи, но тој нема да биде суспендиран.

„Ракетите“ ги немаа потребните осум играчи за мечот со Оклахома, па тој натпревар беше одложуван, а Харден беше тестиран трипати од почетокот на неделава како негативен на коронавирус.

На видеото, кое го објави „Black sports online“, популарниот „Брада“ не носи маска во клубот, а се верува дека е од една од божиќните забави што се одржа оваа недела.

НБА забранува играчите да посетуваат барови, клубови или да учествуваат на социјални настани на кои присуствуваат повеќе од 15 лица, а во лигата беше наведено дека Харден го прекршил тој протокол на „приватна забава во понеделникот“.

Џејмс се бранеше велејќи дека не знае дека неговото однесување не е во согласност со протоколот и дека сето тоа дури не се случило во стриптиз-клуб, туку на забава на негов пријател.

За волја на вистината, не може да се каже со сигурност каде е снимено видеото, така што мислењата ќе останат поделени, барем додека не се потврди, без разлика дали станува збор за стриптиз клуб или не.

Во меѓувреме, sвездата на „ракетите“, која побара трејд, ќе мора да биде тестиран за коронавирус секој ден, а прашање е колку долго ќе биде надвор од ростерот.

Слични содржини