Забава во дискотека во Италија завршила со 10 ранети лица

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Забава во позната дискотека во Таранто, на југот на Италија, во регионот на Пула, заврши со ранување на десет млади луѓе, пренесува весникот „Фанпејџ“.

Во дискотеката била организирана прослава за студентите, а присутни биле околу 300 луѓе.

Според првата реконструкција на полицијата, две групи млади луѓе од различни делови на градот се скарале, а потоа еден млад човек извадил пиштол и започнал да пука.

Тој ранил четири девојчиња и шест момчиња на возраст од 18 до 28 години.

Сите повредени се пренесени во болница, едниот е во сериозна состојба, а на другите хируршки им бил изваден куршум од телата, но повредите не се опасни по живот.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот кој е во притвор.

Слични содржини