441
Кафе-барот „Мош” во центарот на Скопје и синоќа непречено работеше со уште една преполна забава, иако таму пристигнале голем број на полицајци.
Тие влегле во кафе-барот и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца.
Но кога инспекторите заминале, сопствениците повторно ги вратиле масите.
За сопственикот на „Мош“ е поднесена кривична пријава за загрозување на јавното здравје и ќе треба да плати 4.000 евра.
Директоротна на Државниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „360 степени“ изјавил дека следната недела кафе-барот ќе биде затворен 10 дена