Забавата на Неделковски и Пандов во Стајковци: Нема почитување на здравствените протоколи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
436 прегледи

На социјалните мрежи се појави снимка од забавата во кафеаната во Стајковци, која работела надвор од дозволеното работно време и во која биле новинарот Миленко Неделковски, членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов и уште неколку познати личности, кои после тоа биле приведени во полициска станица.

Како што може да се види од видеото, гостите не почитуваат физичка дистанца, ниту некој од пропишаните протоколи од здравствените власти.

„Морам да признаам дека сум изненаден од присуството на жени во локалов…“, „Па вредело и јас би останал не до 11 до 5 сабајле“, „На натпревар се или во кафеана“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

МВР тогаш соопшти дека вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита откако во кафеаната после 21 часот биле затекнати повеќе гости.

„На 26 февруари во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на улицата „6“ во селото Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти СВР Скопје.

Слични содржини