Забележан најостриот пад на БДП на ЕУ од почетокот на мерењето

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на БДП од 11,4, односно 11,8 проценти за еврозоната, според Евростат.

Во вториот квартал на 2020 година, потрошувачката во европските домаќинства и бројот на вработени продолжија да опаѓаат.

Бирото за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4 или 11,8 проценти во однос на првиот квартал од 2020 година, „е убедливо најголемиот пад забележан од почетокот на сезонското мерење во 1995 година“.

Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП падна за 14,7 проценти во еврозоната и за 13,9 проценти низ цела ЕУ.

Во текот на вториот квартал на 2020 година, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалија за 12,4% во еврозоната и за 12% во ЕУ.

Во истиот период, извозот се намали за 18,8% во еврозоната и ЕУ, додека увозот се намали за 18% во еврозоната и 17,8% во ЕУ.

Во вториот квартал на 2020 година, Еврозоната забележа пад на бројот на вработени во споредба со првите три месеци од оваа година за 2,9% и 2,7% на ниво на ЕУ, што е воедно и најострото паѓање од почетокот на сезонските мерења во 1995 година.

Слични содржини