ЗАБЕЛЕЖАНИ НОВИ ПОТРЕСИ: Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Азија

од Nikola Popovski
252 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти германскиот Истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Како што е соопштено, земјотресот се случил на длабочина од 195 километри, се наведува во соопштението за печатот на ГФЗ.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Во текот на денот беа забележани потреси во Аргентина, како и на Балканскиот полуостров, поточно во Хрватска и Албанија.