Забележавте нешто невообичаено во денешниот датум?

405 прегледи

Денешниот датум е палиндром, што значи дека читан од почетокот кон крајот или обратно гласи исто – 02.02.2020.

Палиндромските датум во форматот кој ние го користиме (ден/месец/година) не се премногу чести, а Азис С. Инан, професор по електротехника на Универзитетот во Портланд и заљубеник во палиндроми, израчунал дека во овој веч има 29.

Прв бил 10.02.2001, додека последниот во овој веќ ќе биде на престапна година – 29.02.2029.

„Денес е палиндромски ден во сите формати.Денешниот датум е палиндромски ден во годината, односно 33 ден во 2020, а до крајот на годината преостанати се 333 дена. Навистина уникатен ден“, напишале од математичкиот одел од школото Solihull.

Инaку, зборот палиндром доаѓа од грчкиот јазик, од зборот палиндромос, што значи „кој трча назад“.

Слични содржини