Заблудите за чекање на некои подобри шанси не чинеле скапо во минатото и скапо ќе не чинат сега, вели Маричиќ

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Опозицијата само купува повеќе време и испраќа пораки преку кои се оправдува за блокирањето на процесот за членство и нема намера ниту сега ниту после избори да гласа за уставни измени, смета вицепремиерот Бојан Маричиќ.

-Во однос на политичката сцена знаете претходно се викаше дека се вршат притисоци на пратениците, па не се врши притисок, за сега неколку дена покасно се излезе со теза дека има некаков план за уништување. Мислам дека тоа е купување време и испраќање пораки кон своите поддржувачи само за да се оправда оваа неоправдлива позиција на блокада на сопствената држава. Ние се обидувавме на многу начини без никакви притисоци туку со убедување дека ова е нешто што и треба на државата. Бидејќи забрзано се движат работите за другите држави, рече Маричиќ на денешната прес-конференција на која беше промовирана Кампања за ЕУ.

Една од целите на средбата во Атина, како што додаде, овие денови беше да се даде поддршка на аспирациите на Украина и Молдавија за членство, сите направија чекори напред, и сите ќе прават, ние наместо да влегуваме во теории на заговор, дека сме постојано загорзени од некого од надвор и од внатре треба да си преземеме одговороност и да си ги завршиме нашите обврски затоа што тоа е во наш интерес, изјави вицепремиерот.

Тој оцени дека секоја нова внатрешна блокада ќе се одрази негативно врз државата.

На прашањето дали е возможно нов политички субјект да донесе десет гласови за уставни измени, Маричиќ вели дека во демократско и плурално општество се возможни нови политички субјекти тоа не би било ништо чудно и ново.

-Она што е за нас важно е платформата по која што ќе се движат политичките субјекти: оние кои што се за и кои што се против членството на Северна Македонија во ЕУ, рече Маричиќ.

Вицепремиерот вели дека она што и него и поголемиот дел од јавноста ги плаши е дека ВМРО-ДПМНЕкако политичка партија нема намера да гласа за уставни измени ни сега, ни после изборите и затоа е неопходно во државата да се кристализираат две политички опции, без разлика кој на која партија припаѓа да се знаат оние што се за членство во ЕУ и оние против.

Вицепремиерот на денешната промоција на кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека се отворени за дијалог со опозицијата, но само ако тоа се предлози кои ќе доведат до двотретинско мнозинство.

Додаде дека опозицијата не треба да создава заблуди за чекање на подобри шанси.

-Заблудите на одредени политички партии или презентирање на некакви заблуди за чекање на некои подобри шанси не чинеле скапо во минатото и скапо ќе не чинат сега, порача вицепремерот.

Слични содржини