„Кога не е над 37, не е температура“, не учеле од мали, но та не е така. Ова правило важело пред стотина години, но не и денес. Како што се покажало, денешните луѓе се поладни од своите предци. Како што наведува списанието New Scientist, лекарите подолго време знаеле дека границата од 37 е малку превисока за модерното време, но сметале дека тоа е поради непрецизност на старите термометри.
На универзитетот од Стандорд се проучувал овој проблем и било утврдено дена „грешката“ не е во мерните инструменти, туку во вас. Ги споредиле податоците собрани меѓу 1860 и 1940 и оние во текот на 1970 со податоците од последната деценија и заклучиле дека денешните мажи се поладни за 0.59 степени, а жените за 0.32 степени целзјусови во однос на луѓето од 19 век, што ја поместува границата за нормална телесна температура од 37 на 36,6 степени.