„Заборави на се за 24 милиони“: Бијонсе на удар на критики по говорот на Греми наградите

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Славната Бијонсе испиша историја со најголем број освоени Греми во историјата, добивајќи уште четири награди на 65-тото доделување на престижните музички награди, вкупно 32 трофеи во историјата на оваа манифестација и во нејзината кариера.

Таа во оваа прилика со солзи им се обрати на присутните и им се заблагодари на семејството, сопругот, децата, вујкото кој бил хомосексуалец и истакна дека албумот го посветила на црната и квир денс културата.

Меѓутоа, нејзиниот говор предизвика различни реакции, па многу корисници на Твитер не ги штедеа зборовите.

„Бијонсе се заблагодарува на квир заедницата за наградата Греми неколку дена откако настапи во Дубаи… Сега ми е драго што не ја освои наградата за албум на годината“, напиша корисник на Твитер, алудирајќи на ставот што овој град го има кон припадниците на ЛГБТ популацијата.

„Очигледно заборавила дека за 24 милиони долари се согласила да пее за земја во која се убиваат ЛГБТ лица“, додал друг корисник.

Бијонсе одржа концерт во Дубаи само за ВИП гостите, кои мораа да го почитуваат кодексот на облекување „свечена облека“. Нејзиниот настап го следеа бројни познати личности меѓу кои Хали Бери, Ниа Лонг, Кендал Џенер, Ребел Вилсон…

Сепак, на овој концерт пејачката не изведе ниту една песна од нејзиниот последен албум „Renaissance“ од 2022 година, кој го посвети на ЛГБТ заедницата.

Слични содржини