Министерот за економија, Крешник Бектеши попладнево информира дека е забранет извозот на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, како и дека е укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината.
-На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Владата донесе Одлука да се ограничи извозот на:
-пченица и наполица и брашно од пченица и наполица;
– огревно дрво и пелети, објави Бектеши.
Тој појасни дека на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.