Од 12:10 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Оттаму потсетуваат дека пд 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено , по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.