Забрана за сите видови возила кон Попова Шапка

од Nikola Popovski
45 прегледи

Од 14:35 часот, на регионален пат Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за движење на сите видови возила, поради снежни врнежи, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Ѓавато и Маврово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег со слаб интензитет провејува низ цела Западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

Од јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ информираат дека со сите расположливи екипи се на терен и во континуитет се врши расчистување на државните патишта.

-По добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози, велат од ЈП „Македонија пат“.

Слични содржини