Забрана за тешки товарни возила на кракот Маврово-Дебар

од Nikola Popovski
216 прегледи

На патниот правец крак Маврово – Дебар на сила е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинија во 04:40 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноемиври започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

Слични содржини