Забрана за тешки товарни возила на Плетвар

од Nikola Popovski
280 прегледи

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни причини, од 17:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини