Забраната за пластични кеси и пластика за еднократна употреба стапи на сила и во Црна Гора

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Во Црна Гора стапи во сила забраната за употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, согласно Законот за управување со отпад, а за непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра.

Законот за управување со отпад стапи во сила на 20 април, а примената на неговите одредби беше предвидена шест месеци од влегувањето во сила, пренесуваат црногорските медиуми. Освен пластичните кеси, се забрануваат и пластичните сламки, како и приборот за јадење и одредени кутиите за пакување храна.

Продавачите кои нема да го почитуваат законот можат да бидат казнети со 1.000 до 40.000 евра, додека казните за физички лица се од 500 до 2.000 евра.

Слични содржини