Забранет дресот на Украина пред почетокот на Европско: УЕФА со одлука по поплаките на Русија

од Nikola Popovski

Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) ѝ нареди на украинската фудбалска репрезентација да го отстрани натписот „Слава на хероите“ од дресовите на Европското првенство, соопшти прес-службата на УЕФА.к.

„По понатамошна анализа, конкретната комбинација на овие два слогана јасно се смета за политичка природа, со историско и милитаристичко значење. Затоа, овој специфичен слоган од внатрешната страна на дресот мора да се отстрани од употреба во натпреварите на УЕФА“, се вели во соопштението.

Претходно, претседателот на украинскиот фудбалски сојуз, Андреј Павелко, го претстави новиот дрес на украинскиот тим за учество на ЕВРО 2020. На дресовите се испишани зборовите: „Слава на Украина!“ и „Слава на хероите!“ , како и облика на картата на Украина со Крим во нејзиниот состав.

УЕФА исто така наведе дека дизајнот на предниот дел на дресот со контурите на земјата, кој го вклучува Крим во неговиот состав, не се потребни никакви измени, според резолуцијата на Генералното собрание на ООН за територијалниот интегритет на Украина.

УЕФА исто така потврди дека слоганот на надворешниот дел од дресот – „Слава на Украина“ е одобрен во 2018 година. Исто така, се посочува дека слоганот „Слава на Украина“ може да се сфати како неполитизирана фраза, „затоа може да се користи на дресот на репрезентацијата“.

Меѓународната фудбалска федерација, од своја страна, најави дека ќе остане неутрална во политичките прашања и истакна дека прашањето за украинскиот дрес на Европското првенство во фудбал е во надлежност на УЕФА.

Слични содржини