Забранет филм со “исчезнатите“ кинески актерки

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Air Strike, трилер за Втората светска војна со Брус Вилис и Адријан Броди, мораше да биде прикажан на 26-ти октомври. Но, ова нема да се случи, а причината е третото име на ѕвездата во групата – кинеската актерка Фан Бинбин.

Медиумите известија дека кон крајот на летото таа исчезна од јавното видно поле и се шпекулираше далисе  обидела да побара азил во САД или била “затворена” од кинеските власти.

Пред неколку дена таа за прв пат напиша статус во социјалните медиуми и, поконкретно, во најпопуларната кинеска апликација Weibo, каде си ја посипа главата со пепел и вети дека ќе се поправи.

“Јас не ја заслужувам довербата на општеството, ги разочарав фановите кои ме сакаа”, беа нејзините точни зборови.

Бинбин (лево) заедно со актерките од нивниот заеднички филм “355

Актерката, популарна во западниот свет по улогите во “Х-мен” и “Железниот човек: 3” ќе плати глоба во износ од … 130 милиони американски долари.

Во меѓувреме, директорот на Air Strike, Сиао Фан, во својот микроблог во Веибо најави дека филмот нема да биде објавен. Се сомневаме дека зад оваа одлука лежи долгата и моќна рака на кинеската влада.

https://www.youtube.com/watch?v=kiJjMggOUu8