Украинската армија објави видео од уништувањето на руски ракетен фрлач. Станува збор за моќен термобаричен ракетен фрлач TOS-1A, кој уште се нарекува „буратино“.
На видеото објавено од украинската војска се гледа како ракетниот фрлач истрелува проектили.
Како што може да се види на видеото, рускиот „буратино“ бил погоден од дрон камиказа веднаш откако испукал пеколен налет кон украински позиции.
Кон него се упатува дрон, кој во еден момент малку скршнува, а потоа удира во фрлачот на земја. Се работи, најверојатно, за дрон камиказа. Снимката не е независно потврдена.
Russian TOS-1A Solntsepek 220mm heavy thermobaric MRL being hit with an FPV kamikaze drone by the servicemen of the Ukrainian SBU's Special Group "Alpha."
The rocket launcher was deployed in a firing position and managed to launch at least two rockets before the impact. pic.twitter.com/JgohrMiDjU
— Status-6 (@Archer83Able) March 8, 2023
Уште пред 20 дена, Украинците тврдеа дека го уништиле ТОС-1А. Снимката од запаленото возило потоа ја објави агенцијата Nexta.
Термобаричната муниција е крајно деструктивна, тие се забранети вакуум бомби кои го вшмукуваат целиот кислород од околината и создаваат разорна експлозија.