На државните патишта, сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.

На планиските премини, Стража, Буково и Ѓавато е забележан снег, како и во Маврово. Оттаму поради врнежи од снег, од утринава забранет е превоз на тешки товарни возика на патот Маврово – Дебар, информираа од АМСМ.

Тие потсетија и на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Слични содржини